Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фудбалерите на Пари Сен-Жермен го обезбедија пласманот во финалето на Лигата на шампионите, победувајќи го Арсенал во реванш натпреварот со резултат 2:1 и со вкупни 3:1 се пласираа во финалето.
Во финалето, ПСЖ ќе игра против Интер, завршниот натпревар се игра во Минхен на 31 мај, а за ПСЖ тоа ќе биде второто финале во историјата на клубот и уште чекаат на првиот трофеј во Лигата на шампионите.
По триумфот над Арсенал, во Париз имаше големо славје, но и хаос на улиците.
Во еден момент навивачите претераа со славењето, кое излезе надвор од разумните граници.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како автомобил удира еден од навивачите на ПСЖ.
Автомобилот се втурнал во навивачите, при што неколку лица се повредени, иако околностите сѐ уште не се разјаснети.
🤯📢 Нереди во Париз: Автомобил сообраќај себеси втурна во толпа од луѓе. Неколку лица се повредени, некои со критични состојби
— NEXTA (@nexta_tv) May 8, 2025
Фудбалските навивачи уништија половина од Париз славејќи ја победата на ПСЖ над Арсенал и нивното напредување во финалето на Лигата на шампионите. Во еден момент, од непознати причини, еден автомобил дури и… pic.twitter.com/lKDpSIp4R5
Фото: Принтскрин