Хаос во Реал Мадрид, пристигна итна наредба од претседателот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Мадрид денеска пристигна информација дека Лука Модриќ и Марсело се позитивни на ковид-19, но тие очигледно не се единствени.

Уште неколку фудбалери почуствувале симптоми и денеска цела екипа ќе оди на нови тестирања, а наводно уште пет играчи мора да одат во самоизолација.

Тренингот беше закажан за 9.30, но потоа преместен за 16.30, додека не стигнат резултатите од тестовите.

Правилата се јасни, позитивните фудбалери, па дури и да се вакцинирани, мора да одат во 10-дневна изолација, па тоа значи дека Модриќ и Марсело нема да бидат во комбинација за натпреварите против Кадиз и Атлетик Бибао.

Наскоро се очекува и официјално соопштение од стран на „кралевите“ преку кое треба да се откријат останатите пет заразени члена на екипата.