Харден фрлал пари во стриптиз клуб, Хјустон го моли да се врати на тренинг! 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џејмс Харден очигледно не се грижи премногу и нема намера да му се приклучи на Хјустон рокетс на тренинзите пред почетокот на новата НБА-сезона, која почнува набрзо.

Харден требаше да биде со екипата на 30 ноември, а потоа новиот тренер Стивен Силас најави дека ќе дојде во недела, но и тоа не се случи.

Како причина се наведува ковид-19, иако на сите им е јасно дека Харден не сака повеќе да игра за Хјустон. Како доказ, американските медиуми објавија видео на кое се гледа како „Брадата“ фрла пари во еден стриптиз клуб, за време на роденденот на раперот Лил Бејби.

Харден пред неколку дена кажа дека сака да замине од клубот, зашто е разочаран со одлуката да се сменат тренерот и генералниот менаџер, Мајк Ди Ентони и Дерил Мори.