Харден прифати помала плата и потпиша нов договор со Филаделфија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џејмс Харден ќе остане во Филаделфија, откако денеска се согласи на помала плата и го продолжи договорот.

Харден се откажал од 14 милиони долари, па во иднина наместо 47, ќе заработува „само“ 33 милиони долари.

„Разговарав со претседателот и му објаснив како може да направиме подобар тим. Му кажав да ангажира нови кошаркари, а остатокот од парите да ги добијам јас како плата“, кажа Харден пред да потпише договор.

Харден на крајот на сезоната може да реши дали ќе остане и следната година во Филаделфија, а ако го направи тоа, тогаш ќе заработи 35,6 милиони долари.