Харден сака да замине од Хјустон, дури и по цена да треба да се тепа со соиграчите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден се обидува да го налути раководството на Хјустон рокетс за да го трејдува во друга екипа бидејќи „брадата“ не е среќен во тимот кој не е конкурентен за титулата.

Откако доцнеше неколку дена на подготовките за новата сезона, тој се појави со вишок килограми на себе и лоша форма, а тоа го покажа и на теренот.

Американските медиуми пишуваат дека Харден во понеделникот имал вербален дуел со Тејт и потоа го гаѓал со топка, но за среќа го промашил и бил избегнал поголем инцидент меѓу кошаркарите.

Харден во претсезоната одигра само два меча за Хјустон, кој на почетокот на НБА-лигата игра против Оклахома, а идејата на искусниот кошаркар е да биде трејдуван во Бруклин или Филаделфија.