Харгривс му препорача две засилувања на Челси


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Челси е на добар пат да обезбеди пласман во европските купови за следната сезона, откако врза три победи по ред во Премиерлигата.

Поранешниот англиски репрезентативец Овен Харгривс вели дека на „сините“ не им е потребна нова револуција, туку само две засилувања.

„Рис Џејмс се враќа и веднаш покажа дека е еден од најдобрите бекови во светот, но мора да најдат начин да го одржат во форма. Мислам дека ова лето им е потребен нов врвен голман и напаѓач. Не мора да трошат пари на други засилувања“, кажа Харгривс.