Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Хари Кејн, напаѓач на Баерн и еден од најбараните европски фудбалери, повторно биде во центарот на вниманието откако почнаа да кружат гласини за негов можен трансфер во Барселона.
Во интервју за германскиот БИЛД, Кејн истакна дека не остварил никаков контакт со раководството на Барселона. Со тоа директно ги негираше медиумските написи кои последниве недели ги вознемируваат страстите кај навивачите на каталонскиот клуб.
Според неговите зборови, Барселона никогаш не стапила во контакт со него, ниту со неговите претставници. “Не сум имал никаков контакт со никого”, рече јасно и директно.
Иако шпекулациите за неговата иднина продолжуваат да се појавуваат во европските медиуми, англискиот голгетер тврди дека во клубот сè уште не било разговарано за тоа. “Сè уште не сме разговарале за мојата ситуација во Баерн”, рече тој.
Кејн додава дека нема никаква брзање да донесе одлука за иднината. Порача дека моменталната ситуација му одговара и нема причини за брзи или непромислени одлуки.
Кејн исто така истакна дека е искрено среќен во Германија, што дополнително ги отежнува надежите на клубовите како Барселона. Во Минхен брзо се здобил со статус на еден од клучните играчи на екипата.
“Навистина сум среќен во Минхен”, нагласи напаѓачот.
















