Харт преминува во редовите на големиот ривал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија Џо Харт ќе го напушти Манчестер Сити во ова лето.

Харт е изоставен од тимот во првиот меч од сезоната против Сандерленд на домашен терен, а истотака и синоќа седеше на клупата против Стеауа  и Гвардиола веќе не смета на неговите услуги.

Вчера се појави информација дека тој моментално е меѓу Севиља и Евертон, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Ливерпул.

Ниту еден навивач на Редсите не е задоволен со Мињоле како прва опција, а Кариус, кој дојде во ова лето од Мајнц е повреден и нема да биде спремен околу 2 месеци.

Ќе видиме за која опција на крајот ќе се одлучи овој многу добар чувар на мрежата.