Хатајспор се повлече од турското првенство по земјотресот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот прволигаш Хатајспор се повлече од Суперлигата и оваа сезона нема да игра натпревари, по разорниот земјотрес кој го погоди југоистокот на Турција и северниот дел на Сирија.

Бројката на загинати надмина 21.000 луѓе, а еден од најпогодените градови е Антакија од каде што доаѓа Хатајспор.

„Хатајспор испрати писмо и нè извести дека нема повеќе да игра натпревари. Ако се повлече и Газиантеп, планираме да продолжиме со 17 тимови под услов овие два клуба да останат недопрени“, вели претседателот на турскиот фудбалски сојуз, Мехмет Бујукекси.

Хатајспор во моментов е на 14. место на табелата, додека Газиантеп е на 10. позиција.