Хаверц им се извини на навивачите на Челси: Ова не е мој стил…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси го продаде Каи Хаверц за 65 милиони евра на Арсенал, а Германецот веднаш испрати порака до навивачите на клубот од „Стемфорд бриџ“.

Германскиот фудбалер имаше проблеми во минатата сезона во Челси и поради тоа доби големи критики, но и покрај тоа не го заборава периодот поминат во редовите на „сините“.

„Почитувани навивачи на Челси, мислам дека подобро е да слушнете од мене дека си одам од Челси пред да давам изјави за мојот нов тим. Ова не е мој стил и тажен сум што завршивме на ваков начин. Денеска се наоѓам на раскрсница и не можам да ги опишам емоциите со зборови. Со тешко срце го пишувам ова писмо, се збогувам со клубот кој стана мој втор дом“, објави Хаверц.