Хаверц, Менди, Кулибали, Ковачиќ, Зијех: Голема распродажба во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси потроши еден куп пари во зимскиот преоден рок, но и покрај тоа немаше резултати какви што се очекуваа, па газдата Тод Боели реши да ги продаде непотрените фудбалери ова лето.

Челси веќе се договори со Ал Ахли и Ал Итихад од Саудиска Арабија да им ги продаде Едуард Менди, односно Калиду Кулибали, а веднаш потоа договори продажба и на Матео Ковачиќ во Манчестер сити.

Арсенал ќе го купи Каи Хаверц од Челси за 65 милиони фунти, а исто така Зијех ќе замине во Ал Наср од Саудиска Арабија.

Сепак, ова е само почеток на распродажбата затоа што во следните денови се очекува да замине и Мејсон Маунт, Конор Галагер, Тревор Чалоба и други фудбалери.