Хаверц си оди од Челси и ќе потпише за Реал Мадрид?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Каи Хаверц ќе го напушти „Стефорд бриџ“ во летниот преоден рок затоа што го разочара новото раководство на премиерлигашот.

Англискиот гигант има една од најлошите сезони во последните 30 години, а токму е еден од тие кои ќе заминат летово, а наводно за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид.

„Кралевите“ се заинтересирани за Хаверц, кој не е класична „деветка“, но би можел да го замени Карим Бензема, кој по сè изгледа дека заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Актуелниот европски шампион следната година ќе го добие Ендрик од Палмеирас од Бразил, па очигледно Хаверц ќе им биде само привремено решение.