Хејнкес со изјава за Лерој Сане: Тој е преценет…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Баерн МИнхен, Јуп Хејнкес верува дека фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане е преценет и во моментов не вреди толку.

Баварците се интересираа за играчот минатото лето, меѓутоа тешката повреда на почетокот на сезоната го спречи трансферот.

„За мене тој се уште не го достигнал нивото на топ играч.  Мислам дека е играч кој е некаде измеѓу. Дали ќе продолжи да работи на себе, или ќе остане само голем талент? Мора да биде подготвен за следниот голем чекор. Искрено морам да ви кажам дека не верувам дека таа цена за него е праведна“ –изјави Хејнкес.