Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Хелмут Марко, советникот на Ред Бул и еден од највлијателните луѓе во падокот, во последно време често зборуваше за несигурната иднина на Макс Ферстапен во австрискиот тим. Меѓутоа, сега тврди дека неговите грижи исчезнаа.
По серија послаби резултати на Ред Бул оваа сезона и шпекулации за евентуален премин на Ферстапен во Мерцедес или Астон Мартин, изгледаше дека Холанѓанецот би можел да ја искористи клаузулата за раскинување на договорот доколку тимот не биде конкурентен. Но, Марко го промени тонот.
„Тоа е точно, но таа загриженост сега е значително помала“, изјави Марко за Bild.
„Макс е лојален и јавно се обврза кон Ред Бул. Тоа одговара на сликата која ја имам за него моментално. Целосно е фокусиран на работата овде. Затоа не мислам дека воопшто размислува за промена. Напротив. Убеден сум дека Макс и во 2026 година ќе вози за Ред Бул“.
Фото: Принтскрин