Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот голман Дин Хендерсон има голем талент и тоа го покажа неколку пати, но летово го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Нотингем Форест.
Хендерсон во интервју кажа дека му било ветено првото место меѓу стативите на „Олд Трафорд“ за да се врати во екипата, но сепак не доби многу шанса покрај Давид Де Хеа.
„Требаше да бидам прв голман, но за жал никој не го одржа ветувањето кое ми беше дадено. Да бидам искрен, тоа беше најтешката година во мојата кариера. Лут сум, затоа што одбив многу понуди за позајмица само за да останам во Јунајтед. Да седиш на клупа и да пропуштиш 12 месеци е навистина лошо. Не е фер, ме излажаа“, кажа Хендерсон.