Хендерсон раскина договор со Ајакс една година пред неговото истекување


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако имаше договор за уште една година, од денес Џордан Хендерсон повеќе не е член на Ајакс.

Холандскиот гигант денес службено потврди дека Џордан Хендерсон го напушта клубот.

Хендерсон побара раскин на договорот, а раководството на Ајакс му ја исполни желбата и тој повеќе не е играч на тимот од Амстердам.

За причините Ајакс не наведе ништо, туку само му посака среќа на сегашниот веќе поранешен капитен.

Да потсетиме, Џордан Хендерсон пристигна во Ајакс во јануари 2024 година на бесплатен трансфер од Ал-Етифак.