Хендерсон сака да замине од С. Арабија, ама тоа ќе го чини 100 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон наводно не бил среќен во Премиерлигата и сака да го напушти Ал Етифак, но потегот може да го чини 100 милиони евра.

Хендерсон се пресели од Ливерпул во С. Арабија за 14 милиони евра, но само шест месеци подоцна Англичанецот се премисли и сака да се врати на Островот.

Искусниот фудбалер наводно им кажал на своите соиграчи дека сака да замине во текот на јануарскиот преоден рок, иако засега нема официјална потврда за такво нешто.

Хендерсон заработува 815.000 евра неделно во Ал- Етифак, а тоа значи дека ќе остане без голема сума на пари ако замине од С. Арабија.