Херара: Ако ме викнат, ќе дојдам и со една нога за да играм за Македонија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колумбиецот Себастијан Херара би можел да биде повикан во македонската фудбалска репрезентација за натпреварите во март, кога се играат квалификациите за Светско првенство.

Херара во Македонија пристигна во 2015 година, а минатата сезона замина во унгарски МТК, каде што игра заедно со Бојан Миовски.

Колумбиецот има македонско државјанство и го исполни условот со пет години настапи во Македонија за да може да добие повик во репрезентацијата. Поради новото правило на ФИФА, клубовите можат да им забранат на фудбалерите да патуваат за репрезентацијата, па не е познато на кои играчи ќе смета Игор Ангеловски.

„Имам македонско државјанство, кое го добив неодамна и не постои пречка за да заиграм за Македонија. Не сакам да зборувам пред време, но мислам дека би можел да играм во март. Ако треба и со една нога ќе дојдам во Скопје“, вели Херара.