Херој над хероите: Фудбалер влета во дискотека во Швајцарија за да спаси девојка, доби тешки изгореници


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Страшна трагедија го обележа првиот ден од 2026 година, кога на прославата во швајцарското зимско одморалиште Кран Монтана, во пожар во еден бар, животот го загубија 40 луѓе, а најмалку 119 беа повредени. Секојдневно пристигнуваат нови информации поврзани со овој страшен настан, а сега се појави и приказна за еден вид херој.

Станува збор за младиот фудбалер на Мец, Таирису дос Сантос, кој во моментите на големиот пожар се врати во запалениот бар штом сфати дека неговата девојка Колин е сè уште внатре, за да ја извлече.

Приказната ја сподели неговиот агент, Кристоф Хуто, истакнувајќи дека самиот фудбалер веднаш истрча надвор кога започна хаосот, но се врати назад кога сфати дека неговата девојка е сè уште внатре.

Беше на првиот кат кога пожарот почна. Веднаш излезе надвор, но сфати дека девојката не е со него. Се врати внатре и ја извлече од пеколот, така што во исто време стана и жртва и херој – изјави агентот на фудбалерот за BFM.