Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од таборот на Тотенхем и официјално ја соопштија листата на играчи кои нема да го носат дресот на овој клуб следната сезона.
Иако се очекуваше да го продолжи договорот, Фернандо Љоренте нема да добие продолжување на соработката и како слободен агент ќе си замине од клубот.
Напаѓачот го постигна клучниот гол за Тотенхем на четвртфиналната средба против Манчестер Сити, гол кој го однесе клубот од Лондон во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.
Покрај Љоренте, друго звучно име кое ќе си замине од клубот е Мишел Ворм кој запиша 47 натпревари во дресот на Тотенхем.