Херојот на Италија има прекрасна девојка, на љубовта чекал цела деценија, а на ЕП е главна ѕвезда 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Федерико Кјеза стана херој на Италија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) откако постигна гол против Австрија (2-1).

Кјеза важи за мирен и повлечен фудбалер, кој не е во центар на внимание поради скандали и слично, а долго време ја криеше и својата љубовна врска, додека не реши да ја открие на јавноста.

Фудбалерот кој има одличен договор со Јувентус постојано се поврзува со манекенки, но тој си живее скромен и пристоен живот и е во врска со преубавата Бендета.

Девојката во минатото работела како фото-модел, но потоа се посветила на кариерата како правник.

Често може да ја забележиме на стадионите како го бодри Федерико во природно издание, а нивната врска почнала уште во 2019 година.