Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао кажа дека сака да остане во Милан и ги одби понудите на Реал Мадрид и Челси.
„Газета дело Спорт“ објави дека Леао сака да го продолжи договорот, кој му завршува идното лето, а наскоро се очекуваат преговори меѓу двете страни.
Менаџерот на Леао, Жорж Мендеш разговарал со претставници на Реал Мадрид и Челси и притоа им соопштил дека Португалецот сака да остане на „Сан Сиро“.
Леао со новиот договор се очекува да добие годишна плата од седум милиони евра, а само за потписот на четиригодишен договор ќе заработи дополнителни два милиони евра.