Хесе по долго време се враќа во дресот на ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ вечерва ќе ја отвори новата сезона во Лига 1 со гостување во Ленс.

Парижаните во овој натпревар ќе влезат значително ослабени. Големите sвезди на овој тим се во изолација поради коронавирусот, па ќе видиме и некои други лица на теренот.

Томас Тухел немаше друг избор освен да ги покани сите играчи со кои располага, а меѓу нив е и контроверзниот шпански фудбалер Хесе Родригез.

Човекот, кој со години беше попознат по бројни скандали отколку по квалитетен фудбал, беше поканет на вечерашниот натпревар против Ленс.

Така, по нешто повеќе од една година, Шпанецот ќе има можност да го облече дресот на ПСЖ на официјалниот натпревар. Последниот настап го имаше на 30.08.2019 против Мец, а потоа замина во Спортинг, каде го одигра последниот натпревар во јануари.

Сигурно е дека тој не би бил во тимот доколку ги имаше Нејмар, Ди Марија, Икарди, Мбапе и други кои се позитивни на коронавирус, но кој знае, можеби ова ќе биде нов почеток за Хесе, чиј договор со ПСЖ истекува следното лето.