Хет-трик на Хаверц, деби на Чилвел и Силва за Челси, „сините“ го демолираа Барнсли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Челси запиша убедлива победа од 6:0 против тимот на Барнсли во третото коло од Карабао Купот.

За „сините“ на овој натпревар своите деби настапи ги запишаа Тијаго Силва и Бен Чилвел, а за издвојување беше настапот и на Каи Хаверц кој постигна хет-трик а притоа запиша и една асистенција.

Освен Хаверц стрелци на голови за Челси беа и Тами Абрахам, Рос Баркли и Оливие Жиру.

Арсенал со 2:0 славеше на гостувањето кај Лестер и се пласираше во четвртото коло од Лига купот, а головите беа дело на Кристијан Фукс кој си постигна автогол и на Еди Нкетија.

Резултати:

Фулам- Шефилд 2:0

Милвол- Барнли 0:2

Престон- Брајтон 0:2

Стоук –Гилингем 1:0

Челси- Барнсли 6:0

Флетвуд- Евертон 2:5

Лестер- Арсенал 0:2

Морекамбе- Њукасл 0:7