До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона забележа убедлива победа од 5-2 против Севиља на домашен терен во рамки на 28. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот тим одлично го отвори натпреварот, а Рафиња уште во раната фаза донесе предност со два реализирани пенали во 9. и 21. минута. По нив, Дани Олмо дополнително ја зголеми предноста и донесе сигурни 3-0 за домаќините.
Севиља успеа да намали непосредно пред паузата, кога постигна гол во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме.
Во вториот дел, Рафиња повторно се запиша во листата на стрелци и го комплетираше својот хет-трик во 51. минута. Потоа Жоао Кансело постигна уште еден гол за Барселона и ја зголеми предноста на 5-1. До крајот, гостите од Андалузија успеаја само да го намалат резултатот и да ги постават конечните 5-2.
















