Хет-трик за Нкунку, Челси испука „петарда“ против Бароу


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси се пласира во осминафинале на Лига Купот, откако вечерва славеше со 5-0 против нисколигашот Бароу.

„Сините“ уште во првото полувреме ја најавија победата преку одличниот Кристофер Нкунку кој постигна два гола, а третиот погодок му беше препишан на голманот Фарман, иако најглема заслуга за тоа имаше Жоао Феликс.

Педро Нето во 48. минута стрелаше за 4-0, додека Нкунку го комплетира хет-трикот во завршницата од мечот.