Хет-трик за Винисиус: Реал Мадрид со шест гола го наполни Леванте (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Реал Мадрид славеше убедливо (6-0) во мечот против Леванте во 36. коло од шпанската Ла Лига, каде што веќе им е обезбедена титулата.

„Кралевите“ покажаа зошто се шампиони оваа сезона, па со четири гола го почестија Леванте уште во првото полувреме. Прв во листата на стрелци се запиша Менди, по што погодија Бензема, Родриго и Винисиус Жуниор.

Во вториот дел уште два гола постигна Винисиус Жуниор и така ја потврди победата од 6-0 на „Сантијаго Бернабеу“.