Хит: Кошаркарка си го доеше бебето сред натпревар 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една аргентинска кошаркарка преку ноќ стана хит на социјалните мрежи затоа што за време на натпревар си го доеше бебето.

Антонела Гонзалес е главна тема во аргентинските медиуми, а нејзиниот дуел против Велез Сарсфилд беше одбележан така што мораше во еден момент да го нахрани бебето.

„Секогаш му давам да јаде пред натпревар. Понекогаш тоа ми е потребно и мене. Само што завршивме со разговорот со тренерот, веднаш му реков дека ми треба малку време. Изненадена сум што нешто природно стана хит на интернет, но среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки“, вели кошаркарката.