Хит на социјалните мрежи е жонглирање со тоалетна хартија: Фудбалер на англиски тим успеа да си го скрши лустерот (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


На социјалните мрежи меѓу фудбалерите кои се во карантин кружи предизвик во кој се жонглира со тоалетна хартија.

Со ваквиот предизвик се повикува народот да остане дома во моментите кога пандемијата на кроонавирусот го зазема сиот свој замав.

Фудбалерот на Гилингем, Реган Чарлс Кук се реши да го прифати предизвикот и жонглираше со тоалетната хартија. Меѓутоа пред истата да ја шутне, со својата рака го фати лустерот и успеа да го искрши на неколку парчиња.