Хјустон потпиша со поранешен Олстар центар и ќе се бори за титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Демаркус Казинс е нов член на Хјустон рокетс. Поранешниот Олстар центар стана соиграч на Џејмс Харден и ќе се обиде да ја оживее кариерата која му беше уништена со повредите.

Од Хјустон соопштија дека на Казинс можат да му понудат само ветерански минимум, но тој ја прифати шансата да заигра во квалитетен тим, кој ќе се обиде да се бори за титулата.

Казинс претходната сезона беше под договор со Лос Анџелес Лејкерс, но ја пропушти поради повреда на лигаментите на левото колено.

Казинс ја почна кариерата во НБА-лигата во 2010 година во Сакраменто кингс, а со нив имаше малку успех за седум сезони, по што се пресели во Њу Орлеанс пеликанс, а потоа со успех соработуваше во петорка со Ентони Дејвис, додека не ја доживеа првата голема повреда.