Хјустон води против Лејкерс, Милвоки на праг до елиминација (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милвоки Бакс водеа во поголем дел од натпреварот и многумина сметаа дека ќе намалат на 1-2 во серијата против Мајами хит. Сепак, во последната четвртина Мајами додаде гас и успеа да слави со 115-110, па сега води со 3-0 во серијата.

Мајами сега е на праг до финале на Истокот, а четвртиот меч меѓу овие тимови се игра во недела од 21.30 часот.

Што се однесува до синоќешниот меч, Џими Батлер беше најдобар на мечот со 30 поени, додека кај Милвоки се покажа Брук Лопез со 22 поени.

На вториот меч во минатата ноќ Хјустон успеа да поведе со 1-0 против Лос Анџелес Лејкерс, откако го добија првиот меѓусебен дуиел со 112-97.

Посебно добро Хјустон играше во второто полувреме, односно во последната четвртина и предводен од Џејмс Харден запиша триумф.