Холанѓанец го турна и удри со тупаница Иван Перишиќ: Хрватот вака му возврати (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Иван Перишиќ доби 70 минути во убедливата победа на ПСВ на гостувањето кај АЗ (1:5), но натпреварот беше обележан и со инцидентот во кој учествуваше хрватскиот фудбалер.

Инцидентот се случи во 60. минута, кога АЗ доби слободен удар. Вутер Гоес се обиде што побрзо да ја продолжи играта бидејќи имаа два гола назад на ПСВ, на семафорот стоеше 1:3, но Перишиќ не му ја предаде веднаш топката.

На ова, Гоес прилично бурно реагираше, целосно ги загуби нервите и тргна да се пресмета со искусниот хрватски фудбалер. Прво му ја одзеде топката од рацете, а потоа со тупаница го удри по прстите, што го налути Перишиќ, кој му одржа лекција за таквото однесување.

.