Холандија ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на нации

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека Холандија во јуни ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на нации, каде што ќе заиграат уште и Хрватска, Италија и Шпанија.

Натпреварите во Холандија ќе се играат во Ротердам и Енсхеде, а завршниот турнир се игра од 14 до 18 јуни.

На програмата се два полуфинални натпревари, по кои ќе се игра дуел за третото место, како и големото финале.