Холандија остана без Ван де Бек за ЕП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандија на официјалните страни објави дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Дони Ван Де Бек нема да настапи на Европското првенство (ЕП) поради повреда.

Селекторот Франк де Бур нема да повика замена за Ван де Бек, кој како и Матијас де Лихт тренираше посебно, но сепак нема да настапи на ЕП.

Холанѓаните го почнуваат натпреварувањето на ЕП во недела со мечот против Украина, по што следи пресметката со Австрија, а на крајот ќе се соочат со Македонија.

Ван де Бек не се прилагоди добро во Манчестер, зашто во минатата сезона одигра само 511 минути на теренот и запиша еден гол и асистенција.