Холандија се „тресе“ во Амстердам: ВАР ни поништи гол, па Трајковски погоди статива! 🎥


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Македонија губи со 0-1 од Холандија на полувремето во Амстердам, иако мора да се признае дека македонските репрезентативци одиграа солидни 45 минути во кои се заканија неколку пати кон голот на Стекеленбург.

Тричковски постигна гол за водство на Македонија од 1-0, но погодокот беше поништен поради офсајд од сантиметар, по што Трајковски се закани кон голот на домаќинот и погоди статива.

Сепак, Холандија поведе по една контроверзна одлука на судиите и ВАР-собата, иако може да се забележи дека има прекршок врз Пандев пред да биде постигнат голот на домаќинот.