Холандската полиција приведе 180 навивачи на Наполи (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полицијата во Ајндховен приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од нереди пред вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите.

ПСВ и Наполи играат вечерва од 21 часот во Ајндховен, а полицијата од тој град соопшти дека ги привела навивачите на италијанскиот тим и со автобус ги пренела во полициската станица на испрашување, „бидејќи нивното однесување предизвикало нереди“.

Исто така, приведени се и четворица навивачи на ПСВ на друга локација во градот. Градските власти го прогласија вечерашниот натпревар за високоризичен.

Одговорните минатата недела воспоставија зона на безбедносен ризик во центарот на градот и околу стадионот на ПСВ, поради страв од конфликти на навивачи. Полицијата доби дополнителни овластувања да ги следи и контролира масите и да ги претресува навивачите за оружје и пиротехника.

ПСВ освои еден бод во првите две кола од Лигата на шампионите, а Наполи има три.

.