ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Челзи не се шегува откако го освои СП за клубови.
Како што потврдија доверливи извори, стоперот на Ајакс Џорел Хато и ѕвездата на РБ Лајпциг Чави Симонс се веќе во напредна фаза на преговори со Челзи.
За Чави Симонс е познато од претходно, ново е што ги постигнал сите лични услови и сака единствено во Челзи, додека Хато преку своите агенти му пренесе на Ајакс да преговара за неговото заминување.
За Симонс се знае речиси сè, но Хато сè уште е непознат за пошироката јавност. Станува збор за 19-годишен Холанѓанец, кој ги поминал сите младински категории на Ајакс, а досега има одиграно 111 натпревари за “копјаниците”, постигнал четири гола и запишал девет асистенции.
Тој може да покрива две позиции, игра како лев стопер и лев бек, затоа носи многу во тимот на Челзи, а се проценува дека Челзи ќе треба да исплати околу 40.000.000 евра за неговиот трансфер.
Се знае дека Енцо Мареска не е баш воодушевен од стоперските позиции, Чалоба, Дисаси па дури и Бадијашил се слободни да заминат во случај на вистински понуди, додека Фофана е скоро две години надвор од теренот поради серија повреди.
Хато и Симонс заедно би чинеле над 100.000.000 евра, но Челзи конечно би имал силен тим, на сите линии и би бил поконкурентен во борба за сите трофеи.
Фото: Grok AI