Холандско богатство во рацете на Рајола и една од најголемите загуби на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Симонс е талентиран фудбалер од Холандија, кој го доби името по легендата на Барселона, чави Ернандез и на него му се предвидува голема кариера.

Симонс вчера беше на клупата на ПСЖ во Ленс и чекаше да заигра на теренот, но не му се исполни желбата. Само што наполни 17 години, а на само шест години замина во „Ла Масија“.

Неговиот татко Регилион Симонс имаше фудбалска кариера, а исто така беше тренер на младите играчи во академијата на Ајакс.

Контроверзниот агент Мино Рајола влезе во животот на Симонс кога момчето имаше само 14 години.

По девет години во Барселона, стигна вест дека тогаш 16-годишниот фудбалер ја напушта каталонската екипа и се сели во ПСЖ, и тоа бесплатно.