Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Раководството на првенството во Холандија ги одреди патниците во европските натпреварувања за следната сезона.
Првенството во земјата нема да продолжи а сите фудбалски активности се забранети до 1 септември.
Фудбалскиот сојуз на состанокот на кој се разговара за иднината на фудбалот, наводно, решил сезоната да заврши според актуелниот пласман, како што тоа УЕФА го предложи.
Ајакс и АЗ Алкмар ќе играат во Лигата на шампиони (ЛШ), додека во Лига Европа се пласираа Феенорд, ПСВ и Вилем II.
Тимот на Ајакс се пласираше директно во групната фаза на ЛШ, додека АЗ Алкмар ќе игра во квалификациите.