Холивудско сценарио во Италија: Фудбалер „киднапиран“ сред меч со хеликоптер (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересна сцена доаѓа од Италија, каде што на мечот меѓу Чита ди Виагранде и Плакс Шоп Неброди еден фудбалер беше „киднапиран“ со хеликоптер во десетата минута од мечот.

Сепак, ова било далеку од вистинско киднапирање, туку било холивудско простување со фудбалот и публиката на 55-годишниот Игнацио Барбагељо.

Целата акција била снимена од теренот и хеликоптерот, а за тоа дозвола дале градоначалникот на Катанија и локалната полиција. Нешто слично се обидел да направи фудбалерот и пред 20 години, но тогаш неговиот обид бил неуспешен.

Дисциплинската комисија го казни клубот со 200 евра поради тоа што го прекинале мечот и хеликоптерот слетал на теренот, а притоа ја загрозил безбедноста на присутните.

Казна добил и фудбалерот, кој бил суспендиран до 30 јуни 2019 година, зашто го напуштил теренот, но очигледно тоа нема многу да му значи на него.