Хорхе Мендеш ѝ нуди нов тренер на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона едноставно не делува добро на теренот, а така ја загуби титулата во Ла Лига од Реал Мадрид. Тренерот Кике Сетиен највеорјатно ќе добие отказ по завршување на Лигата на шампиони, но потоа Каталонците ќе мора да бараат негова замена.

Веќе некое време се шпекулира кој би можел да го замени Сетиен на клупата на Барселона, а „Мундо Депортиво“ го поврзува Лорен Блан со кормилото на каталонскиот гигант.

Хорхе Мендеш, суперагентот, наводно го понудил Блан на Барселона, па останува да видиме дали екипата од Каталонија ќе го прифати поранешниот стратег на ПСЖ.

Блан во тренерската кариера имаше три ангажмани, и тоа на клупата на Бордо, репрезентацијата на Франција и ПСЖ, а може да се пофали со четири титули во Лига 1, два Купа во Франција, четири Лига Купа…