Хорнер: Бараме замена за Перез, сите сакаат да возат за Ред Бул

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кажа дека екипата бара замена за Серхио Перез кој има договор до 2024 година.

Мексиканецот веќе три години му е колега на Макс Ферстапен и втор возач ан тимот, но неколку лоши ситуации во сезоната го загрозија неговото место во тимот.

„Разгледавме неколку опции. Први на листата се Цунода, Рикардо и Лосо, но следиме и други возачи“, кажа Хорнер.

Хорнер му даде комплимент и на Ландо Норис од Мекларен, но кажа дека тој не бил реална опција за Ред Бул.

„Ландо е одличен возач, но не е реално негово доаѓање кај нас“, вели Хорнер.