„Хорнер ќе остане во Ред Бул, а ќе си заминат Макс, Њуи и доктор Марко“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ред Бул се соочува со турбулентен период во кој главна тема е шефот Кристијан Хорнер и неговите пораки испратени кон колешка.

Хорнер не сака да се повлече од функцијата, иако беше обвинет за сексизам, а веќе се појавија шпекулации дека Макс Ферстапен би можел да го напушти тимот поради хаосот.

Поранешниот возач во Формула 1, Герхард Бергер предвидува дека Ферстапен ќе замине од Ред Бул и ќе потпише за Мерцедес.

„Како што изгледаат работите во моментов, Хорнер ќе остане во Ред Бул, а Макс, Хелмут Марко и Адријан Њуи ќе заминат од екипата“, кажа Бергер.