Хорнер: Подготвени сме, Ред Бул никогаш не бил посилен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска ќе почне новата сезона во Формула 1 со трката за Големата награда на Бахреин, а Ред Бул ќе ја брани титулата и во конструктори и во индивидуална конкуренција.

Првата трка се вози од 16 часот, а директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер вети дека ќе ги одбранат титулите од конкуренцијата.

„Подготвени сме и фокусирани на предизвиците. Во тимот никогаш не сме биле посилни“, кажа Хорнер.

Новинарите ги интересираше и за неговата ситуација по обвинувањата дека се однесувал непримерно кон колешка од тимот.

„Мило ми е што заврши процесот. Не можам да откривам детали, но сега сме подготвени за новата сезона“, кажа Хорнер.