Хорнер вознемирувал колешка со пораки со – сексуална содржина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер е под истрага бидејќи подолго време вознемирувал колешка со пораки со сексуална содржина.

„Де Телеграф“ објави детали од истрагата против Хорнер, кој пред неколку дена кажа дека случајот е одвлекување на вниманието за сите во Ред Бул со цел да се создаде хаос во тимот пред почетокот на сезоната.

Адвокатот на вработената во Ред Бул кажал дека има копии од сите пораки кои ги испратил Хорнер, а истите ги предал во судот.

Хорнер, наводно, има поддршка од сопственикот на тимот и тоа е причината поради која сè уште не добил отказ.

На кормилото на Ред Бул седна во далечната 2005 година, а притоа за 20 години освои седум титули со возачите, како и шест во конкуренција на конструктори.