До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хотелот на стадионот на англискиот клуб Блекпул воведе парични казни од 3.000 евра ако гостите за време на натпреварите гледаат на теренот низ прозорецот од нивните соби, пишува списанието Телеграф.
Имено, хотелот на својата веб-страница наведува дека гостите во луксузните соби со директен поглед на теренот мораат да ги затворат завесите целосно 90 минути пред почетокот на секој домашен натпревар и да ги држат затворени во текот на целиот натпревар.
Мерките се применуваат и покрај тоа што цените на собите на денот на натпреварите се зголемуваат, па гостите плаќаат и до 160 евра за една ноќ во простории кои претходно биле користени како ВИП ложи.
Новинарот на Телеграф кој неодамна престојуваше во хотелот за време на натпреварот помеѓу Блекпул и Бредфорд не беше претходно известен за обврската да ги затвори завесите при пријавувањето во хотелот, само нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот.
“Ние како хотел навистина не надгледуваме, но апсолутно мора да ги затворите завесите. Наводно, би можеле да бидете казнети со околу 3.000 евра ако ве фатат”, го предупреди рецепционерот.
.💸 ‘You absolutely need to draw the curtains’
— The Telegraph (@Telegraph) January 7, 2026
Football fans staying in a pitch-view room at this Blackpool venue risk falling foul of a confusing match-day rule
Find out more ⬇️https://t.co/iYuCzuWdHT pic.twitter.com/fBWlhAau8d
















