Хрват ќе му биде асистент на Пирло во Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андреа Пирло од неодамна беше назначен за нов предводник на италијанскиот шампион Јувентус.

Ова ќе биде прво тренерско искуство за поранешниот легендарен италијански фудбалер кој остави неверојатни импресии играјќи во неколку клубови од Серија А.

Сега Пирло го составува тренерскиот тим кој ќе биде околу него, а Џанлука Ди Марцио пренесе дека еден од помошниците ќе му биде поранешниот фудбалер на клубот од Торино, Игор Тудор.

Хрватот веќе подолг период е во тренерските води,a во кариерата ги водел тимовите на Хајдук, Галатасарај, Удинезе, ПАОК и Карабукспор.

Во моментов е тренер на сплитски Хајдук, но понуда од неговиот Јувентус тешко дека ќе одбие.