Хрват не сака во Ливерпул, останува во Динамо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Динамо од Загреб не сака да го напушти клубот во овој момент.

Иако можеше да потпише договор со Ливерпул во овој преоден рок, тоа нема да се случи.

Анте Чориќ не сака да го напушти Динамо во овој момент, иако неговиот сегашен тим ја прифати понудата од страна на Ливерпул која изнесуваше 15 милиони фунти.

Сите очекуваа дека 19-годишниот офанзивен играч за врска  ќе потпише со Ливерпул, многумина денеска го видоа и на медицински прегледи, но трансфер не се случи.

Барем не сеуште, Чориќ иам за цел да игра Лига на шампионите со својот Динамо.

„Јас сум многу среќен бидејќи таков еден клуб ме сака, но јас сакам да играм во Лигата на шампионите со својот омилен клуб, Динамо“, рече Чориќ.

„Беше на мене да одлучам, се што требаше да направем се прегледи, но сакам да пружам на Динамо уште многу “, истакна овој млад фудбалер.