Хрват си зборуваше сам со себе, пцуеше и загуби: Треба да одам на психијатар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најталентираните хрватски тенисери Борна Гојо загуби со 5-7, 7-6, 3-6 и 4-6 од Масимилијан Мартер во првото коло на Вимблдон.

Гојо за време на натпреварот си зборуваше сам со себе, па пцуеше и на крајот загуби, по што кажа дека имал психички проблеми.

„Подготвен сум за на психијатар. Не работам со ниту еден специјалист во овој момент за проблемот кој го имам, но поминав десетина психолози и триестина психијатри. Единствено што можат е да ме затворат во лудница. На некои специјалисти сигурно нема да им биде добро по сеансите со мене“, кажа Гојо.