Хрват со коментар за инцидентот на Ѓоковиќ: Жал ми е, но дисквалификацијата е…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, за разлика од Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ју-Ес Опен.

Чориќ го постигна најдобриот резултат во кариерата на гренслем-турнирите, откако беше подобар од Џордан Томпсон во три сета, додека Ѓоковиќ беше дисквалификуван на средбата против Пабло Карено-Буста.

„Не видов веднаш што се случи зашто имав третман на рамото и тренерот влезе во собата, па ми раскажа. Очигледно тоа беше несреќен случај. Да отидеше топчето пет сантиметри лево, немаше ништо да се случи. Жал ми е за Ноле, но такви се правилата и дисквалификацијата е оправдана. Тој е мој пријател и не сме среќни поради тоа што се случи“, кажа Чориќ.